header image
 

онака лабаво… или не?!

еве ме беее не сум изчезнал… можда малку завеан од снегов.. али никогаш не си одам јас..

ми дојде да пишам еден ред два…

Некогаш треба да го чуеш некажаното, да го прочиташ ненапишаното и да го видиш тоа позади завесата…

некогаш сакаш да замижиш за да не видиш некои работи што се дешаваат пред тебе.. ама неможеш…

затоа… нема лабаво…

Уше еден ПроСт

Демек.

Демек коа сме тапа треба да сме по креативни.. треба да сме по отворени за нови ствари.. и незнам ти Шо.

Демек.. коа ке напишеш нов пост(просТ) треба да ти се олесни на душата(бар така пишав у едно интервју шо сеа е бесмисленО)

ДемеК.. коа едно 10 години ке се потпишуваш ко ајсмен и сите те знаат ко таков треба да си ладен

Демек… животот е паднување и станување… Шо ако ми е преку кур! ..

Демек не ми е галје за ниШО

Демек не ми е галје дали ке прочиташ шо сум изтрескал и затоа гасам и коментари!

Демек животот е убав и без љубов и срања

Демек се смеам… а ми иде да плачМ

Демек сум мртов.. а се борам до смрТ.

Демек  глеам светло у тунелот а сум пропаднал у шахта.

Демек не ме интересира нишо

Демек сум ајс

и демек не сакам нишо.

ДЕмек не сум пијан и не се отворив на глуп пост шо ке ми го бапнат на насловна и све ке отерам у кураЦ

САМо Демек.

ај да не продужувам…. нема смисла….

со секоја типка шо ја типкам е ко по жар да одам… (не дека не сум одеЛ)

Демек зевам и ми тече некоја рандом соЛза.

демек треба да чекам уше 22 минти до 4 и 44.

фак дет!

демек не е 27 ми и е 4 саат и 27 минути…..

ај

peace нека биде патувањето..

Дали знаеш?

Do you know that bad feeling in your stomach that you have when you think that something bad is about to happen..

well i have it now..

До последен Миг

По се изглеа ајнштајн бил во право со теоријата на релативитетот.. еве сеа ја ставам во пракса…

Демек времето поминато со прекрасна девојка го осеќаме како поминато за миг… а времето коа не праиме ништо и чекаме на пример ни изглеа ко часови…а што ако стварно се часови…

тогаш сигурно изгледаат ко денови…. од лично искуство… ако сте повреден уз пут… тогаш тие часови изгледаат ко години…

хммм мене ми одговара бе… Екстра време… кој ти го дава..

башка во тие мигови сте многу креативни…штета шо не работи тоа на куцање семинарски.. хахааха

те така…….

многу е контрадикторно уствари еве сеа се глеам себеси..и глеам другиве како ме гледаат.. помаливе деца..

се диват на мене… ми го гледаат точакот.. возењето.. и све друго … а у..

и ко да сакаат да бидат ко мене… Знам.. пошо јас коа бев на нивна возраст го сакав тоа…

а сега пак.. коа иам многу работи од тоа што сум сонувал сакам да сум ко нив… дете…

иако сеуште се понашам скоро секад ко дете… и праам такви работи.. али не е веќе исто…

сигурно ко мали ви викале уживајте додека сте млади

епа Сеа јас им викам Така..

уживајте додека сте млади… стрелките се вртат и времето изминува… еве ја сеа се расонив во тело на 23 годишњак…….

и сеа мислите дека ми се многу или ми се малку… ама за чудо уживам во овие години… Онака до јаја..

посебно денеска пошо ги напраив кајгана…

и затоа… не ги бројте деновите не ги бројте минутите.. само миговите што ви го одземаат здивот…и си го глеам ја невидливиот саат на рака.. и што да видам… време е да си легнам … хехехе

Се НервираМ!

се нервирам коа пазам…
се нервирам и коа викаат дека многу се замарам

се нервирам коа скокам.. коа ке ми падне ланецот.. и мора да се скршам…

се нервирам бос да газам.. се нервирам коа пијан треба јас да  се пазам…..
се нервирам коа другарите ме мразат … се нервирам мајками ја слушам..

како се дере.. за еден ебан испит… се нервирам коа мора да се седне…
се нервирам.. коа трошам струја… се нервирам што нозеве ми мрзнат…
па и за тоа ми серат..

Се нервирам коа женска ми е тапа.. коа пивото ме трезни а устата ми бзди…

се нервирам коа морам… факс да завршам… да се средам и на работа да седам..
се нервирам коа алиштата се растуриле и прљавите со чистите се измешале…
Па се дерам… МИ иде да врисНам … све да отерам у курац… али седам… и се тресам…
зашо шекерот ми паднал а курот ми се кренал…
Ма кур ме боли.. И песнава и све нека иде кај шо гори…

Се нервирам коа седам до сабаљле се нервирам коа се будам и место сонце глеам ѕвезди…
а надвор врне….. се нервирам ШТО НЕМОЖАМ ДА ВОЗАм.. ПА и на карпа… Се нервирам коА од врвот јас се лизгам…
се нервирам коа мораМ со празен новчаник да шетам… како клошар.. а знам дека копиљот ми дужи двеста факин евра…

Се нервирам… коа шмизли глеам.. Се прават дека во се се најдобри…
А коа ке симнат пудрата.. СИТЕ ДО ЕДНА БАБАРОГИ…

Се Нервирам… што пораснав.. се нервирам што се родив..
И сеа се чешам… од нервоза ми иде во чело да се плеснам….

да мрчам

и све живо јас да газам…

За некои можда гордост… за некои јас сум само за дома да ме земе.. за некои клошар.. па фејкер… па позер.. а јас само обичен бајкер… и рокер.. .и трансер.. и драменбејсер…  и све.. што мајкати нејкеше кај тебе…
Ни цистерна.. ни перална… Ни факин цела комунална…
ни ти ни тој… никој не ги мие… срањата што со денови се кријат..
во моите мисли..
во моите празни денови…

а ти си тука.. и сите други… сите што сте дел од мене…… Сите дел од едно големо факин ништо…
ај сеа остај ме на мира…….    и дај ми еден Пиштол………….
еден за тебе….

и по еден за сите покрај тебе…

И знај….

би те гушнал и би викнал јас СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ!

ВИСТИНАТА ЗА ЉУБОВТА

НЕ дека и претходно немам пишувано за ова али еве… велат со годините стануваме по мудри… па ајде да почнеме

Љубов…. и покрај 23 години живот на планетава земја… се обидувам да го објаснам поимот… Љубов ти е.. несакана последица на Заљубување… Зашо несакана и зашо последица и зашо  по ѓаволите Заљубување… епа… Несакана затоа што иако сакаме да се деси тоа.. иако све сакаме уствари не сме свесни колку сето тоа несвесно го правиме… Да не се сватиме погрешно.. мислиме со срцето а не со паметот… Зашо последица… затоа шо е реакција на некоја наша или од спротивната страна акција… и заљубување… па сите знаеме шо е тоа нели… Иако навидум необјасниво… серија на хемиски процеси… што не збудалуваат…
Викаат дека заљубувањето трае околу 2 години…После тоа доаѓа љубовта…(демек) ова уште не ми е докажано пошо сум немал толку долга врска хахаххаха ;)   Е сеа… Незнам дали 2 години … ама знам дека на едно мушко му е потребно помалку од секунда да се вљуби… МИ СЕ ИМА ДЕСЕНО! хехехе… а на женските тоа трае малку подолго…зашто…епа затоа што ако ги гледаме чувствата кај машките и женските има голема разлика… ако кај машките чуствата се претставени како еден пат… со две ленти… тоест двонасочна улица… кај женските тие се претставени со автопати од по 4 ленти за секоја насока… Прекрасно нели.. Епа ТУка некаде сте вие.. Машките за разлика од женските се визуелни суштества… Сите женски што го знаат тоа.. и го искористуваат нели… Ама сакале или неќеле така стојат работите.. За да се вљуби едно женско треба дотичниот да помине низ неколку фази… Освен фејсбук профилот хахаха сиротото мушко треба да помине низ фаза на неколку анализи.. Дали и е интересен.. дали е паметен.. и ред други такви работи (зависно од профилот на девојка што го анализира) одкоа ке поминат сите тие ствари.. девојката сваќа дека е вљубена.. и од тука… Све тргнува наопаку…Хммм па зашто наопаку… Епа вака..
Сиротата по секоја цена се обидува да стапи во контакт со типот.. Дали чека на мсн да и пише.. дали СЛУЧАЈНО ке налета на него во диско.. или можеби во некој кафич… а ДА предходно ке разбере во кој кафич оди..хахаха па можеби и ке титка на телефон.. или ке се начука и ке прати некоја смс порака…И цел тој процес трае некое време се додека МУшкарацот не примети дека девојкава е затрескана у него… И сеа… Тука почнува да станува чудно.. Доколку типот одма одговори на заљубените потези на девојката и почнат да се гледаат и све… Она ке рече само.. ах.. па не е тоа тоа.. Не чусвствувам магија.. Затоа МоМЦИ НЕ!!!… Немој да постапувате така.. Доколку ја правите да се осеќа дека е љубовта на вашиот живот она тоа ке го фрли у корпа и ке истрча кај првиот заебан тип… Затоа… Држете мистериозност.. Држете дистанца.. Игнорирајте ја.. НЕ премногу да се разбереме…Пуштајте и водичка што би се рекло.. И колку повеќе го правите тоа толку повеќе таа ке ве сака…

Морам да го пишам ова… затоа што ова е вистината.. верувајте ни мене не ми се допаѓа како работи целиот систеМ..

Ај некој ред за девојките….

Девојки…

уххх стварно незнам шо да кажам.. хахаххаха

Пред све.. бидете храбри… Не лелекајте на другарките по сто години за некој тип туку станете и направете го тоа што го мислите толку време…
Доколку типот ги задоволува сите ваши стандарди.. обидете се да го задржите… Тоа нема да го сторите со плачење и карање… а нема ни со секс( иако некад пали) кај поедноставните мушкарци… ) направете го тоа со тоа што ке докажете дека сте вредни за он да ве има вас.. Направете добар гест.. ОД време на време(значи филозофијата кај жените делумно држи и кај мажите) ако не и скроз.. Значи не го одбацувајте цело време.. не е убаво тоа…  Покажете се во најдобро светло.. а не со најмногу шминка на лице… Бидете со него во неговиот свет… пробајте да ги играте неговите спортови… Покажете ја вашата фантазија… Покажете интелектуалност (дека не сте празна црпка у главата)… Тоа важи и за мажите делумно…

НЕ ВИкам да идете на шопинг и да изглеате ко кретенон слаткар хахаха (јес да е спот ама он стварно е кретен) хахаххаа
али држете балнас…
и што со балансот.. .НИшто.. ке стане досадно и се тоа ке пропадне у вода…
Значи дека нема баланс… Епа еве го правилото…

Правилото е што нема правила… Љубовта и заљубеноста се единствена ствар што неможеме да ги испланираме и предвидиме…

Секој ден може да раскинете и што ли уште не..  Иако многу работи можеме да видиме од каде доаѓаат.. зашто се десило тоа и зашто се десило она… Но тоа е одкоа ке ја отворите црната кутија… а коа ке ја отворите значи дека авионот се урнал…

Еден муабет… не гледај на далеку пошо може да се сопнеш или да те сопнат…

еДноставно… МОј совет би бил.. ЉУбете со цело срце.. Не се воздржувајте..
НЕ планирајте не балансирајте… Играјте чесно..( иако не е лошо некад да подлажувате АМА ТОА САМО ЗА ДА СЕ НАШАЛИТЕ) ништо повеќе.. и пред се.. немој да варате.. бидете по цивилизирани од животните и контролирајте си ги хормоните.. КОЛКУ ТОЛКУ…

и некој збор за паровите што се…
Сеа ви е моментот демек пошо валентајн ово оно… мада има и едно друго клише… јас коа сакам секој ден ми е валентајн…

абееееее готово.. жими мајка..

ко прво факт е дека неможе секој ден да ти е убаво… едноставно неможе… а и да можеше и тоа ке беше тапа…

мора да има и тапа денови… денови коа се мрзиш себеси.. коа ги мрзиш сите околу тебе и све по список…и после сето тоа ако дојде тој или таа… да те извади од дупката… тогаш значи вреди да си со него/неа…Шознам.. можда ептен глупости тресам…. ама затоа е блогов нели..

Немојте да ограничите никого… Ако го / ја сакате… ке ја пуштите… па она/он ке си одлучи дали стварно сака да биде со вас…

Сепак денес би требало да се празнува во името на љубовта..
па повелете ПРАЗНОувајте..

а да и не заборавајте девојки дека “even Mr. Right has a little wrong”

Како и да е .. На крајот секој ке умре саМ..

ах да… Не  бидете некој што не сте за валентајн на пример… ТАпа е… Бидете свои.. не копирајте смс пораки и не копирајте идеи… Смислете нешто индивидуално.. Те така…

ај сеа искарајте ме у коментари колку сум бил занигде хахаха

флешбек 2

еве го муабетот…

YouTube Preview Image

се надевам некои ствари од моите прашања сеа се појасни.

флешбек

Се прашувам… зашто се осеќам по реално додека сонувам отколку кога сум буден?

Како можам да знам дали моите сетила ја кажуваат вистината?

Дали е ова воздух што го дишеме?

ах.. длабочината на зајачката дупка…

Дали стварно сакаш да ја дознаеш вистината?

Колку подлабоко одиш толку потешко ке излезеш…

Зашто умот ни е програмиран да мисли на најлошото сценарио а не на најдоброто?

Дали сум сам…..

ТОчаК

додека лежам во кревет и глеам на оваа чудна направа… ми доаѓа налив на зборови… Гледам не ништо повише од еден куп метал со малку гума… куп метал изработен до совршенство… секое делче приказна за себе….

Воланот на пример… е 750 ММ… коа го донесов во Скопјево сите се чудеа сите сакаа ваков и сите се запрепастуваа…

тркалата на пример се 40 и 46 мм профил… со дупки… За нашиве граѓани нешто невидено… и сеуште се..Вау колку само 243232 прашања ме прашале за нив…

Рамот на пример… најчудната конструкција.. и најдобрата што сум ја возел до сеа… тоа се приметува..и уште илјада зашто и илјада затоа.. тогаш мислат дека сум стварно будала…

како и да е… склоп на делови склоп на околности… Овоа чудо тешко 10 кила ме нема однесено кујзнае каде.. не сум бил натаму наваму…(освен ако не го ставиш во кола) не  сум освоил ни еден врв ни еден пат…. ова чудо… што некогаш сум го возел пијан… некогаш среќен некогаш радосен…а некогаш и сум бил толку разочаран од животот и сум возел со цела сила само за да избегам..

Коа ке размислам тој точак е секогаш тука…

Сменив доста девојки..сменив и другари… сменив места на живеење сменив стил на облакање…али не ја сменив мојата желба за возење…

коа сум на точак… се чуствувам слободно… се чуствувам дека никој не ми може ништо… Нема пат за мене. нема пречка… нема семафор нема муабети и тапа фаци…

само си ти… две тркала и тоа што го газиш пред тебе…

со мојот обид да научам да возам асолно… со мојот обид да станам некој и нешто со мојот обид почнав да живеам…. и додека се свестив.. приметив дека мали деца трчаат покрај мене и ме гледаат со големо зачудување… на многу дедовци и баби им запира погледот… На многу фраерчиња со коли и мотори им запира здивот… хех… само тука не ми можат ништо… иако сеуште има гомнојадци… ма кој ги ферма…Само возам…

Возам со цел да се ослободам.. возам со цел да се докажам пред самиот себеси дека гравитацијата може гомна да јаде… Возам и за другите… иако мрзам коа ке ми речат.. ај покажи ми нешто.. или типичната фраза а можеш на едно… хахахха

како и да е… Додека возам многу нормално е дека се кршам.. Сум скршил прсти.. Сум бил на шиење на фаца… сум имал шинати зглобови.. .сум имал изместени раменици..или сеуште ги иам.. Сум имал дупки во цеваниците.. Телово ми е ко мапа… со лузни од секаде.. од различни периоди и од различни трикови…

Се плашам секогаш коа ке се качам на точак… се обидувам да не размислувам… пошо само една мала грешка може да ме доведе до крај на кариера до крај на све… и почеток на возење у количка..Веројатно ризик што мора да го има… коа би имал повеќе кеш за делови… ризикот би бил помал… Хах.. ама кој ке те спонзорира во Македонијава…

И зашто баш ова зашто баш вака.Па изгледа една работа водеше кон друга…Со влијание од другарите… со тоа што го гледав и тоа што го правев… полека полека… стигнав до тоа што сум сега… Коа ке размислам убаво… па и не е така лошо… ама сепак иам уште мнооооооооогу за учење…

среќа што животот е пред мене… среќа што во соба иам ваква чудесија…и несреќа што надвор е тапа и не сум возел од лани….

хех за малку ке заборавев да ви ја кажам тајната состојка…тоа што ме тера напред… тоа што ми ги тресе рацете… тоа што ми трепери срцето и тоа што ми прави насмевка на лице… Адреналинот… микс на измешани чуства… а сепак убаво..микс на страв со среќа… умор со сила… болка со насмевка…

Можеби повеќе од сигурно е дека тоа е мојата дрога… 100% Природен.. 100% легален.. и 100% смртоносен..

во продолжение слики од тоа што ме прави тоа што сум јас…

а за крај… never give up the fight :)

па ништо чудно и да излезам да возам денеска…

НЕ секад…

NE sekad mozesh da go kazesh toa sho go mislish

NE sekad mozesh da go napravish toa sho si go zamislil

NE sekad mozesh da pomognesh…

NE sekad mozesh da se posvetish…

NE sekad mozesh da bidesh tuka za site

NE sekad mozesh da se razberesh so lugeto

NE sekad mozat da te svatat

NE sekad mozesh da sednesh i da ucish

NE sekad mozesh da bidesh dobar so site

NE sekad mozesh da pisuvash kirilca…

NE sekad postot mora da ima smisla…